Еден потег што ги пали жените, а мажите ретко го прават

Дури и најискусните љубовници некогаш не ја доведуваат жената до оргазам, но има еден „трик" што може да помогне.

Жените често решаваат да не им кажуваат на мажите што сакаат или што прават погрешно за да не им ги повредат чувствата, но тоа најверојатно е најчестата причина зошто уште постои огромен јаз меѓу бројот на оргазмите кај мажите и кај жените.

91% од мажите постигнуваат оргазам за време на секс, во споредба со само 64% од жените, судејќи според податоците објавени во журналот National Survey of Sex and Behaviour.

Во почетокот на годинава, корисниците на платформата Reddit дискутираа на темата секс совети за мажи, а дискусијата се разви во повеќе од 1.500 коментари, но еден одговор значително се издвои.

„Драги мажи, стенкањето е секси и немојте да се воздржувате. И ние сакаме да знаеме дека уживате", напиша една корисничка.

Веднаш се надоврзаа и други жени:

„100% точно! Момците обично се тивки за време на сексот, без разлика колку јас испуштам звуци. Баш пред некоја вечер партнерот испушти едно 'Уххх' за време на секс и се почувствував многу повозбудено."

„Да, да, да! Секогаш сум имала некои екстра тивки дечки и конечно сум со партнер кој гласно стенка и тоа ме пали уште повеќе. Многу е чудно чувството кога некој е премногу тивок за време на секс", е една од реакциите.

Во дискусијата се надоврзаа и мажи кои „ја тестирале техниката и потврдуваат дека прави чуда".

Поврзани

Најнови вести

Коментари