Еден куп деца ги оставија телефоните и дојдоа на МААЛСКИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ

Една фотографија – илада збора! Дека проектот „МААЛСКИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ“ ја постигна посакуваната цел, доволно зборуваат фотографиите кои сведочат за огромната бројка дечиња кои покажаа дека за дружби и игри секогаш се има расположение.
Играњето игри пред маалата и дружењето проследено со детски џагор е сѐ помалку присутно во скопските населби, a во минатото тоа беше препознатлив симбол на маалскиот живот кај скопјани. Модерното време ја донесе дигитализација, децата се оттргна маалата и играта, а тоа придонесе децата сѐ помалку да се социјализираат.
Нашата цел е реафирмирање на маалските игри без граници кои се подзаборавени под налетот на новите технологии и виртуелните електронски игри. Исто така, наша цел е да се промовираат и поттикнат здрави практики преку спортување и дружење, како неопходни квалитативни компоненти во животот на секој човек, особено на децата и младите, рекоа организаторите на овој убав настан.
Децата имаа можност да се натпреваруваат во народна, џамлии, грабни стапче, граница, сакате ли војна, плочка, влечење со јаже, куќа, ластик и штркот бира боја, а како дополнителни бонус активности ќе можеа да учествуваат во трка со балансери, кошаркарски предизвик и креативни работилници.