Одењето на забар е стресно за многумина, а жив доказ е госпоѓава која во паниката заборавила каде и како треба да седне.

На видеото кое кружи по социјалните мрежи се гледа дека исплашената жена се обидува да седне на забарското столче, ама обратно. Во паниката кутрата заборави каде одат нозете, а каде главата, па заврши на грб на подот.