logo
logo
logo

(ФОТО Ѕирнете во плакарот на Јованка Броз: 700 фустани, 100 пара чевли, 85 пара ракавици и едно парче кое сите ги изненади

Vecer | 22.09.2021

(ФОТО Ѕирнете во плакарот на Јованка Броз: 700 фустани, 100 пара чевли, 85 пара ракавици и едно парче кое сите ги изненади

На РТС се емитува серија „Јованка Броз и тајните служби“.

Серијата има 10 епизоди кои го следат животот на Јованка Будисављевиќ, подоцна Броз од нејзиното доаѓање на работа во Белиот двор до бракот со Тито.

Дел од гардеробата на Јованка Броз деновиве беше прикажана на РТС во емисијата „Мира Адања Полак - ексклузивно“, а Мирјана Менковиќ, музејска советничка од Етнографскиот музеј, како и Оља Мрѓеновиќ, костимограф и претставник на семејството Броз, ја водеа публиката низ модната историја на поранешната прва дама.

Наскоро 55-те кутии кои не биле отворени осум години, а кои 4 години биле во Етнографскиот музеј, ќе бидат префрлени во Музејот за применети уметности и тоа ќе биде изложено како целосна изложба. Тоа бил условот на семејството за целата колекција да ја донира на државата Србија.

Јованка носела број 38, понекогаш 39, а најчесто чевлите ги правел чевлар од Белград, Глоговац. Има и италијански чевли, како и некои непознати производители. Вкупно, зачувани се околу 100 пара чевли.

Исто така, има околу 676 фустани и комплети, а интересно е што за нив има вишок од истиот материјал, доколку има потреба да се поправи нешто.

Посебен куриозитет, покрај вечерните и свечените фустани, е униформата на Јованка Броз од 1945 година, судејќи според состојбата, таа е доста користена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk