logo
logo
logo

Џулијан Асанж сака да се жени во затвор, му се родија два сина откога е зад решетки

Vecer | 25.11.2021

Џулијан Асанж сака да се жени во затвор, му се родија два сина откога е зад решетки

Стела Морис рече дека се надева дека нема да има понатамошно нарушување на нивните планови за венчавка, откако парот претходно го обвинил управителот на затворот и министерот за правда Доминик Рааб дека го спречиле тоа.

Таа го посетила вчера Асанж во затворот Белмарш, во југоисточен Лондон, каде што тој се наоѓа додека Соединетите Држави ги продолжуваат правните чекори за да ја обезбедат неговата екстрадиција за да се соочи со обвиненијата за оддавање владини тајни.

Таа рече: „Денес Џулијан и јас конечно ја регистриравме нашата намера да се венчаме овде во затворот Белмарш. Требаше да го направиме тоа пред три недели. Се разбира, околностите не се идеални, но ми олесна што разумот надвладеа и се надевам нема да има повеќе мешање во нашата свадба“.

„Во Британија, секој кој е доволно стар, без разлика кој е или од каде доаѓа, има основно човеково право да се ожени со кого сака. Ова право е запишано во законот. Џулијан не е обвинет за никакво кривично дело во оваа земја , тој не издржува казна, неговото затворање нема друга цел освен да го продолжи и да го влоши неговото страдање. Се надевам дека на неправдата од оваа ситуација брзо ќе се стави крај за да можеме да уживаме во бракот надвор од ѕидините на Белмарш кога тој ќе биде ослободен“.

Двојката е верена долги години и се обидува да се венча и покрај тужбата.

Тие имаат две деца, синовите Габриел (4) и Макс (2).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk