Лука е модел кој два месеци си ја тренирал вилицата за да си го подобри изледот, а шокантните резултати ги објавил во Тик Ток видео. Во видеото се гледа како џвака нешто налик на пластично топче и ја покажува својата вилица. Веќе во следнио кадар се гледаат неверојатните резултати од тренингот.

– Ќе се претвориш во триаголник ако не престанеш, напишал еден од неговите следбеници.

Инаку, тој за медиумите изјавил дека кога имал 18 години имал 104 килограми.

– Одев по модните агенции и сите ме одбиваа затоа што бев преголем и со прмногу округло лице. Директор на една модна агенција дури ми рече да се вратам кога ќе загубам 30 килограми, а јас тоа го сфатив како предизвик, рекол Лука.

 

@lucamarchesi_lm#differente DO U THINK IS TOO MUCH ? #lucamarchesi #jawline#trend #foryou#trend

♬ Chris Brown – Take You Down (Remix) – | J E S S |