logo
logo
logo

Дубаи веќе не е рај за иселениците – животот станува прескап

Vecer | 02.09.2025

Дубаи веќе не е рај за иселениците – животот станува прескап

Сѐ повеќе странци се враќаат во своите матични земји, а популарната фраза од социјалните мрежи „Habibi, don’t come to Dubai“ станува реалност и надвор од интернетот.

Според финансискиот директор на осигурителната компанија „William Russell“, Рос Ирвајн, Дубаи полека го губи својот сјај. - Години наназад беше рај за иселениците – без даноци на плати, сонце во текот на целата година и динамичен живот. Но, трошоците за живот нагло пораснаа, цените на кириите достигнуваат рекорди, а образованието и здравството се сѐ поскапи. Секојдневните трошоци, од храна до забава, се значително поголеми од порано,  рече Ирвајн.

Чарли Морган, кој се преселил во Дубаи во 2023 година, по две години одлучил да си замине и покрај високата заработувачка. – Проблемот со Дубаи е што сите планираат да си одат. Тоа е град со ротирачки врати, изјави тој.

Многу Британци се жалат дека трошоците се неодржливи, а притисокот да се следи наметнатиот луксуз е преголем.

Дубаи денес е 15-ти најскап град за живот во светот и најскап на Блискиот Исток, со пораст на цените на недвижностите од 21 отсто – повеќе од Тел Авив, Мајами, Чикаго, Париз и Берлин, иако Лондон останува поскап. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk