logo
logo
logo

ДРОГА ЗА СИЛ*ВАЊЕ СТИГНА ДО СРБИЈА! Бидете внимателни: Трауми остануваат, лесно се става во пијалок

Vecer | 31.07.2021

ДРОГА ЗА СИЛ*ВАЊЕ СТИГНА ДО СРБИЈА! Бидете внимателни: Трауми остануваат, лесно се става во пијалок

Нова дрога GHB, која „брише“ паметење и може да се користи за силување, се појавила во Хрватска, а домашните стручњаци велат дека ја има и на други места Балканот.

Хрватските медиуми пренеле дека GHB, која е во течна форма и обично се става во пијалок, е доста евтина. Таа предизвикува добро расположение, но и сексуална возбуда.

Како што медиумите пренесуваат, жртвата следниот ден ништо не се сеќава, додека трагите од тој наркотик исчезнуваат од организмот.

Најлошо е што рецепт за правење на таа дрога во домашни услови може да се најде на интернет, а се добива од хемикалии за чистење – фелни.

Една капка во пијалок од таа хемикалија, како што е објавено, може да ви донесе големи проблеми проблеми.

Директорот на владина Канцеларија во борба против дрога Милан Пекиќ потврдил дека оваа дрога може да се најде во Србија.

- Првпат во Србија се појави пред десетина години, на црниот пазар. Меѓутоа, успеавме да ја сузбиеме нејзината продажба и злоупотреба. Во меѓуверме се појавија спорадични случаи на внесуавање во земјата, а најчесто ја носеа странци туристи но и посетители на фестивали.

Од друга страна, психологот Радомир Чолаковиќ додава:

Не само дрогата GHB, и бројни други наркотици се продаваат на т.н. "dark web", односно на интернет, што е многу тешко да се контролира. Покрај тие супстанци, таму се тргува и со оружје, па и со луѓе. Спрема проценките, само во текот на изминатата година профит од црниот пазар на “мрачната интернет страница“ изнесувал околу 315 милиони долари- вели психологот Радомир Чилаковиќ

Спрема неговите зборови, оваа дрога уништува здравје, а најчесто се користи како “мамка за силување девојки“.

- Во прашање е синтетичка супстанца, без боја и мирис, со сладникав вкуст. Бидејќи е во течна состојба се зема орално, лесно се става во пијалокот без жртвата да забележи. По консумацијата, тие обично не се сеќаваат дека биле под дејство на наркотик, а повеќето од нив не се ни свесни дека доживеала силување – наведува тој.

- Напредок на технологија во правење дрога е страшен. Не ме изненадува што постои рецепт на интернет. Нивистина интернетот станува ужасно место. Знаете дека правени се бомби на база на интернет инструкции – вели тој.

Чолаковиќ објаснува дека секое претерано внесување на хемиски супстанци е опасно за организмот.

И покрај тоа што дрогата „брише“ паметење, тоа не важи и за траумите кои остануваат после силување...

- Траумата останува константна. Се што ние доживуваме, намерно или не, останува запишано во мозокот. Последиците од тие трауми можно е да се надминат со помош на психотерапија. Секако, најопасно е молчењето, односно ако жртвата неправи ништо за тоа што и се случило, поради срам. Тоа може да ја “копа“ цел живот – објаснува Чолаковиќ.

За жал, тој смета дека вакви дроги ќе се усовршуваат се повеќе со напредокот на технологиите – заклучува Чолаковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk