logo
logo
logo

Древни Римјани во тоги и антички брод крстарат низ Дунав (ВИДЕО)

Vecer | 16.08.2022

Древни Римјани во тоги и антички брод крстарат низ Дунав (ВИДЕО)

Екипажот се состои од доброволци облечени во римски туники. Експедицијата е дел од проектот финансиран од Европската Унија за подигање на свеста кај граѓаните и туристите за римското минато на регионот.

Врз основа на остатоците од римските бродови откриени во германскиот град Мајнц, експерти од Универзитетот Фридрих-Александар го реставрирале римскиот брод кој датира од четвртиот век и е направен од даб, а со кој што пловеле вистинските Римјани пред речиси два милениума.

Меѓународниот проект наречен „Living Danube Limes“ се реализира во соработка со 10 подунавски земји.

На овој начин нивните претставници се обидуваат да ја оживеат културната врска меѓу земјите од Централна и Југоисточна Европа преку „варварите“, поранешната утврдена граница на Римската империја кон т.н. варварски народи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk