logo
logo
logo

Драган цел свој живот барал само едно нешто - а среќата ја нашол кога се вратил во својата татковина!

Vecer | 17.09.2021

Драган цел свој живот барал само едно нешто - а среќата ја нашол кога се вратил во својата татковина!

По долгиот престој во Америка, Драган Драговиќ Драго се вратил во родното село во близина на Медвеѓа. Како што вели тој за себе, тој е народен уметник кој нашол инспирација и мир дома. Благодарение на Драго и неговото семејство, ова село повеќе не е напуштено, пишува порталот РТС.

Кога со синот Стефан ќе ја заврши работата околу козите и кравите тој зема четка и длето. Дрвени скулптури, акварели, цртежи и икони се само дел од творбите кој овој уметник ги прави.

-Каде и да бев секогаш го имав она чуство и визија за мојата татковина, за нејзината природа. Тоа чуство секогаш беше со мене, вели Драган.

Тука Драго го нашол својот мир. Тој вели дека прекрасната природа и погледот што се протега дури до Радан и Сува Планина му даваат неисрцпна енергија. А неговиот татко, Радомир не може да ги сокрие емоциите и тоа бидејќи неговиот син и внук се вратиле дома.

-Задоволен сум, како да не сум задоволен. Тие ми се вратија, и тоа од Америка, вели Радован.

-Хармонична природа, добри луѓе, мојот дом. Што да посакам повеќе? Што ми треба повеќе во животов?, додава Драган.

Имено, тој изложувал во многу европски галерии, во Сакраменто и во Калифорнија и добил многу признанија. Но имал една желба која денес му е исполнета – а тоа е да неговите дела ги видат неговите сограѓани и тоа во галеријата на Центарот за култура во Медвеѓа.

Со Драго и неговото семејство ова село веќе не е пусто.

-Јас поминав многу километри во потрагата по она што можам да го најдам само во моето село. А тоа е рај за мојата душа, завршува тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk