logo
logo
logo

Дознал дека професорот живее во автомобил, па МУ ГО ПРОМЕНИЛ ЖИВОТОТ (ВИДЕО)

Vecer | 22.03.2021

Дознал дека професорот живее во автомобил, па МУ ГО ПРОМЕНИЛ ЖИВОТОТ (ВИДЕО)

Стивен Нава, поранешен ученик на професорот Хозе Виларуела, решил да му помогне на својот поранешен учител, откако дознал дека тој во последниов период живеел во својот автомобил.

Стивен случајно здогледал како човек излегува од багажникот на авомобил, но не претпоставувал дека го познава. Дури кога се приближил, сфатил дека тоа е всушност неговиот омилен професор Хозе.

Во разговор дознал дека живее во автомобилот последните осум години и работи како заменски професор во училиште во Лос Анџелес.

Тој е одделен од семејството кое живее во Мексико и донел одлука да живее во автомобил за да може да им испрати поголем дел од својот приход, вели Стивен Нава.

Слушајќи ја оваа тажна приказна, Стивен веднаш ги извадил сите пари (околу 300 американски долари) што ги имал во паричникот и му ги дал на професорот. Сепак, тоа е само почеток. Стивен имал на ум нешто поголемо.

Одлучи да покрене иницијатива за собирање средства преку веб-страницата „GoFundMe“, која би била наменета за Хозе.

- Едноставно остануваш шокиран кога ќе сфатиш  дека еден од твоите омилени професори е бездомник. Кога видов низ што минува и колку се бори, веднаш сакав да му помогнам. Исто како што тој ни помогна да бидеме луѓето што сме денес - рече ова момче.

Од моментот кога го објави видеото на „ТикТок“, тоа стана вирално и почнаа да пристигнуваат донации.

@stvnna7Anything helps guys, Im surprising him for his birthday on Thursday, god bless everyone (gofund me link in bio) 🙏 #foryoupage #fyp #viral #help

♬ Home - Edith Whiskers

Стивен преку споменатата платформа успеал да собере 27 000 долари, кои му ги подарил на професорот на денот на неговиот роденден.

Професорот моментално живее во хотел и е во процес на барање долгорочно решение за сместување. Тој вели дека овој гест на добри луѓе му го сменил животот и дека чувствува дека животот има повторно значење.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk