logo
logo
logo

Доставувач во Англија работел по 14 часа 7 дена во неделата - Пронајден мртов зад воланот

Vecer | 24.11.2022

Доставувач во Англија работел по 14 часа 7 дена во неделата - Пронајден мртов зад воланот

ДОСТАВУВАЧ починал во своето возило вчера откако работел седум дена во неделата, понекогаш и по 14 часа на ден, во пресрет на црниот петок. Ворен Нортон почина на 49-годишна возраст, а за време на работата се обидуваше да достави што е можно повеќе пакети пред 25-ти ноември.

Него го пронајдоа неговите колеги, наведнат над воланот на комбето паркирано во складиштето на ДПД во Дартфорд.

"Ворен френетично работеше за да испорача што е можно повеќе пакети. Менаџерите ве повикуваат да работите повеќе денови и да останете подолго бидејќи знаат дека сте самовработени. Пакетите мора да се испорачаат по секоја цена", изјавил неименуван извор за The Sun.

Отпрвин мислеле дека заспал во комбето

Вработените во службата за испорака кои го пронашле првично мислеле дека заспал во комбето поради исцрпеност. Му тропале на прозорецот, но тој не реагирал. Кога виделе дека не се движи, доставувач го скршил прозорецот на возилото. Откако ја отвориле вратата, Нортон паднал од комбето.

Колегите и надлежните служби се обиделе да го оживеат, но не успеале и на лице место била констатирана смрт. Нортон работеше за ДПД околу две години и има 14-годишна ќерка.

„Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите“, рече портпаролот на ДПД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk