Блек Чајна, ѕвезда на реални шоуа и манекенка, решила да ги извади филерите од лицето и силиконот од телото, а целиот процес го документирала на социјалните мрежи.
34-годишната манекенка им порачала на младите жени да не одат под нож.
View this post on Instagram
„Не ставајте силикони. Може да се разболите, можете да умрете, може да дојде до разни компликации“, порачала Чајна. Процесот на отстранување на силиконите само од задникот траел осум часа.
View this post on Instagram
„Инаку тоа требаше да трае најмногу четири часа, но апаратот не успеваше да го разбие она што беше во мојот задник. Таа маса постојано го запушуваше“, раскажала таа.
После задникот, објавила видео од отстранувањето и на филерите од лицето.
View this post on Instagram
„Доста ми е, сакам се да се види. Уморна сум од овој изглед, воопшто не е убаво. Не изгледам така, сето сосема ми го смени лицето. Го надраснав ова, време е за промена“, признала.
View this post on Instagram
Инаку, вака изгледаше со филери.