logo
logo
logo

ФОТО и ВИДЕО:

Дошла ГОЛА во емисија: „Важно е луѓето да ја слушнат пораката“

Vecer | 25.09.2021

Дошла ГОЛА во емисија: „Важно е луѓето да ја слушнат пораката“

Лора Амхерст во емисијата „This Morning" се појавила како од мајка родена и само со натпис посветен на заштитата на Земјата.

Водителите на емисијата Филип Скофилд и Холи Вилаби со неа разговарале 8 минути, зборувале за климатските промени, а Лора ја изразила „загриженоста особено за помладите генерации“.

Кога ја прашале зошто е гола, таа рекла дека „на тој начин протестира за да помогне да се спаси планетата и дека е важно пораката да дојде до повеќе луѓе и повеќе да се стори за планетата“.

Оваа самохрана мајка на едно дете во последните неколку месеци во јавноста се појавува гола за да обрне внимание на климатските промени и фактот дека во тој сегмент, како што рекла, „стоиме лошо“.

Освен тоа на страница за возрасни отворила профил и најавила дека дел од приходите кои ќе ги собира таму со објавување на експлицитни содржини ќе ги донира на организациите Extinction Rebellion (XR), Greenpeace и здруженијата за заштита на животните.

Фотографија (+18) од протестот во Лондон, погледнете  ОВДЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk