logo
logo
logo

Докторите и кажале дека носи седум деца: Но кога почнала да се пораѓа следело огромно изненадување (ФОТО)

Vecer | 05.05.2021

Докторите и кажале дека носи седум деца: Но кога почнала да се пораѓа следело огромно изненадување (ФОТО)

Докторите и рекле дека носи седум бебиња, но кога Халима Сисе родена во Мали почнала да се пораѓа следувало големо изненадување. Таа наместо 7, родила 9 деца.

Впрочем, кога правела утразвук лекарите не ги виделе другите две. Халима Сисе (25) и нејзините пет девојчиња и четири момчиња се чувствуваат добро по породувањето.

Таа отишла во Мароко за да се породи, за да се осигура дека нејзините бебиња ќе имаат најдобра грижа кога ќе се родат.

– Момчињата и девојчињата, како и нивната мајка се чувствуваат добро – рече министерот за здравство на државата Мали.

Впрочем, Халима се породила со царски рез, а ваквите случаи како нејзиниот се многу ретки во медицината.

Бременоста на Халима го привлече вниманието дури и на владата на оваа западноафриканска земја. Кога лекарите во март рекоа дека ќе роди седум деца и дека и е потребна посебна грижа, вршителот на должноста претседател на Мали, Бах Ндав, нареди да ја испратат во Мароко, каде што се случи породувањето.

Мајката и нејзините девет бебиња треба да се вратат дома за неколку недели.

Портпарол на мароканското Министерство за здравство, Рашид Кудари, нагласува дека нема запишани податоци дека досега во мароканските болници се родени деветмина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk