logo
logo
logo

Доктор се нема истуширано цели 6 години: Погледнете го резултатот (ВИДЕО)

Vecer | 27.02.2021

Доктор се нема истуширано цели 6 години: Погледнете го резултатот (ВИДЕО)

Научникот и доктор Џејмс Хамблин (37) верувале или не, се нема истуширано цели 6 години.

Впрочем, тој прекинал да се тушира во 2015 година кога изјавил дека и покрај ваквата навика неговиот живот ќе продолжи.

Професорот во училиштетот за јавно здравје на Универзитетот Јејл и доктор специјалист за превентивна медицина, Хамблин дели дека сосема е во ред тоа што го прави и дека со тек на време се навикнал.

Според него еден човек поминува цели две години од својот живот туширајќи се.

Туширањето за него е голем трошок - време, вода и пари.

Американскиот научник тврди дека не смееме да престанеме да ги миеме забите, лицето и рацете, но дека не треба да бидеме упорни кога станува збор за останатите делови од телото.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=m1rAD62Wscg&feature=emb_title[/embed]

Инаку, одлуката да престане да се тушира д-р Хамблин ја започнал како дел од експеримент.

Во својата книга тој објаснил дека со текот на времето телото почнува сè повеќе да се навикнува, така што мирисот постепено престанува да биде непријатен, иако не користи ниту дезодоранс ниту сапун.

Како што објаснил тој, постепено кожата престанува да биде мрсна, а исто и косата.

Ескпериментот го започнал така што почнал поретко да користи сапун, шампон, дезодоранс, а наместо да се тушира секој ден тој тоа го правел на секои три дена пред целосно да престане.

На почетокот, како што изјавил тој, имало моменти кога сакал да се истушира затоа што се чувствувал „мрсно и непријатно“, но потоа тоа се случувало поретко.

Како што објаснува тој, нашите телесни мириси произведуваат бактерии кои што живеат во нашата кожа и се хранат со потта извлекувајќи производи од нашето тело. Нанесувањето козметички производи на кожата и косата секој ден, ја нарушува рамнотежата помеѓу мрсната кожа и бактериите, а тоа го уништува нашиот природен екосистем.

Хамблин тврди дека нетуширањето го активира регулаторниот процес во кој што екосистемот постигнува стабилна состојба и ние престануваме непријатно да мирисаме.

„Едноставно почнувате да мирисате на човек“, изјавил Хамблин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk