Oперативниот систем Андроид е неизбежен кај новите модели на телефони и колку и да сме задоволни (или незадоволни) со него, постојат апликации кои можеби ги имате на телефонот, а се штетни.

Всушност, експертите од компанијата за безбедност на Интернет ЕСЕТ тврдат дека пронашле 42 сомнителни апликации кои содржат т.н. адвер – софтвер кој автоматски ви прикажува реклами, дури и кога апликацијата е затворена.

ЕСЕТ објавија листа од апликациите кои содржат адвери и кои се препорачува веднаш да ги избришете доколку ги имате:

Smart Gallery, SaveInsta, Mini lite for Facebook, Free Video Downloader, Free Social Video Downloader, Water Drink Reminder, Smart Notes for You, DU Recorder, Tank classic, Heroes Jump, Solucionario, Ringtone Maker, Video downloader, Ringtone Maker Pro, Basketball Perfect Shot, HikeTop+, MP4 video downloader, Flat Music Player и Free Top Video Downloader.