logo
logo
logo

Договорил дејт со девојка, но таа имала еден бизарен услов: Сега се кае што воопшто и се јавил!

Vecer | 27.10.2021

Договорил дејт со девојка, но таа имала еден бизарен услов: Сега се кае што воопшто и се јавил!

Деновиве на социјалната мрежа Редит вниманието го привлече статусот на еден Британец со кој тој ја опишува невообичаената случка која неодамна му се случила.

Имено, тој се решил да ја покани својата симпатија да излезе со него на пијачка но не очекувал дека таа ќе се согласи. Сепак таа имала еден услов кој буквално ќе ве остави без зборови. Тој решил да ја сподели преписката со девојката со која се договарал за дејт.

Тие се договарале каде да се најдат, на што тој напишал дека ќе ја чека во еден бар и дека ќе и нарача пијачка.

Но, она кое тој не го очекувал е нејзиниот одговор.

-Ќе ми платиш гориво, напишала девојката, додека тој мислел дека таа се шегува со него.

Кога и пишал дека му се допаѓа нејзиниот хумор, таа му одговорила дека или ќе и плати гориво или состанокот нема да се реализира.

Откако тој ја објавил преписката на Редит, многумина констатирале дека веројатно станува збор за измама – односно дека таа сакала да извлече пари од него.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk