logo
logo
logo

Додека го шишал пријателот кој боледува од рак, направи гест со кој го воодушеви светот

Vecer | 17.04.2021

Додека го шишал пријателот кој боледува од рак, направи гест со кој го воодушеви светот

Нафтали Мартин, млад човек кој страда од рак на лимфома, во моментов е на хемотерапија, поради што започнал да губи коса.

Тој го замолил својот пријател Џоел Ортега Гонзалес да ја избричи косата и сакал целиот процес да го сними со камера.

Додека го бричеше пријателот, Џоел ја сврте машината кон себе и започна да ја отстранува сопствената коса за да ги олесни тешките моменти и периодот од животот низ кој минува неговиот другар.

Нафтали, кога сфати што се случува, не можеше да ги задржи солзите, пренесува Мирор.

Видеото го сподели на Инстаграм, но и на ТикТок, каде беше прегледано скоро 10 милиони пати.

„Џоел не е само мој колега, тој ми е како брат“, напиша Нафтали во изјавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk