logo
logo
logo

Се пријавила за работа, ДОБИЛА ОДГОВОР ОД КОЈ ЈА ОСТАВИЛ ВО СОЛЗИ (фото)

Vecer | 06.02.2021

Се пријавила за работа, ДОБИЛА ОДГОВОР ОД КОЈ ЈА ОСТАВИЛ ВО СОЛЗИ (фото)

Девојка останала „во солзи“ откако потенцијален работодавец многу детално и соопштил дека и е одбиено барањето за работа.

Киран, инаку писателка од Лондон, сподели фотографија од писмото кое ја насолзило, од компанијата во која се пријавила и рече дека е шокирана од неговата содржина.

Работодавачот се потрудил да звучи благо и мотивирачки за понатамошите обиди за работа во животот, но таа го објавила писмото на Твитер, кое набргу се прошири и на другите социјални мрежи.

На кратко, луѓето не можат да одлучат дали писмото е симпатично или застрашувачко.

Откако и објаснил дека не ја вработува бидејќи не е доволно квалификувана за работното место, работодавачот го продолжил писмото со зборовите: "Продолжете да се обидувате и да аплицирате. Никој не се сеќава на одбивањето, само треба едно "да" од некого и сè ќе се промени“.

Сепак, и тој не запрел тука, но Киран ги наведе сите познати лица кои некогаш биле одбиени.

"Мајкл Џордан беше исфрлен од средношколскиот кошаркарски тим. Лејди Гага беше избркана од издавачката куќа по три месеци ...", продолжува писмото.

„Ова писмо е полошо од одбивање“, „Дали е ова слатко или застрашувачко? Не можам да одлучам“, се само некои од коментарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk