ОВЕН

Работа: Избегнувајте какво било форсирање на деловни промени бидејќи денес не е добар ден за вас.

Љубов: Размислувате за прекин на врската и се обидувате да донесете конечна одлука. Понекогаш не гледате решение.

Здравје: Болка на нозете

БИК

Работа: Вие сте многу остроумни и лесно наоѓате нови деловни можности и решенија кои ви се потребни на ова поле.

Љубов: Некоја личност од минатото се враќа во вашиот живот. Ве очекува обнова на љубовна врска.

Здравје: Грижете се за вашето здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Задоволни сте од работата што ја најдовте преку пријател. Може да очекувате стабилност во оваа област.

Љубов: Партнерот понекогаш ве прави нервозни, но вие се трудите да ја подобрите комуникацијата со него.

Здравје: Општо добро здравје.

РАК

Работа: Разочарани сте затоа што не успеавте да ги реализирате сите ваши планови. Вашата деловна ситуација сега е во стагнација.

Љубов: На љубовно поле сте несигурни. Ви се нуди поранешна љубов, но ви се чини дека тоа не е она што го сакате.

Здравје: Ви треба сон

ЛАВ

Работа: Можно е да имате многу компликации кои сега ве оптоваруваат на работа.

Љубов: Сè оди како што се надевавте на полето на љубовта. Може да очекувате добар период за љубов.

Здравје: Зголемете го внесот на магнезиум.

ДЕВИЦА

Работа: Можно е да дојде време за деловни промени кои треба да ги прифатите во наредниот период.

Љубов: Не е поволен ден за нови љубовни познанства.

Здравје: Почестете се со некое задоволство.

ВАГА

Работа: Денеска не очекувајте премногу на работното поле. Потребно ви е многу трпение за да ги решите проблемите од минатото.

Љубов: Сакате да се смирите со личноста за која се грижите. Понудете ѝ компромис.

Здравје: Можни се проблеми со видот.

ШКОРПИЈА

Работа: Максимално сте посветени на својата работа и вашите цели. Ви претстои поволен период за постигнување добри резултати.

Љубов: Можете лесно да започнете нова врска. Личноста за која се грижите ќе покаже дека има чувства кон вас.

Здравје: Проблеми со несоница.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Треба да покажете иницијатива во деловното опкружување доколку сакате да ги постигнете своите цели.

Љубов: Личноста која ви се допаѓа ќе ви покаже голем интерес. Пред вас е добар период за љубов.

Здравје: Можен е зголемен притисок.

ЈАРЕЦ

Работа: Ако аплицирате за нова работа, ќе бидете задоволни. Ја добивате можноста што ви треба.

Љубов: Важно е искрено да разговарате со саканата личност за се што ви лежи во душата.

Здравје: Имате проблеми со ‘рбетот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Можеби ќе имате можност да ги разјасните прашањата што ве мачат. Ви претстои добар период.

Љубов: Комуникацијата со саканата личност може да достигне точка на вриење во наредниот период.

Здравје: Можни се стомачни проблеми.

РИБИ

Работа: Доколку покажете решителност, ќе имате можност да напредувате на деловното поле и да ги промените работите.

Љубов: Во врската со саканата личност има многу проблеми кои не можете лесно да ги решите.

Здравје: Можни се проблеми со коските.