logo
logo
logo

Дневен хороскоп за 4 октомври - Ви треба добар поттик или емоционална инспирација, опуштете се

Vecer | 04.10.2022

Дневен хороскоп за 4 октомври - Ви треба добар поттик или емоционална инспирација, опуштете се

Овен

Љубов:

Чувствувате непријатност. Партнерот не ги слуша доволно вашите објаснувања и изговори, а вие немате трпение.

Работа:

Се обидувате да ги остварите вашите деловни планови, но има ненадејни проблеми кои ве забавуваат.

Здравје:

Поминете ги вечерните часови на помирен начин, опуштете се.

Бик

Љубов:

Новите изливи на нежност пред саканата личност носат взаемно задоволство, но и чувство на сигурност што ви недостасува.

Работа:

Добро размислете кому треба да ги доверите вашите планови, консултирајте се со личност со која имате позитивно искуство.

Здравје:

Ви треба добар поттик или емоционална инспирација, опуштете се.

Близнаци

Љубов:

Во средбата со саканата личност, ги преувеличувате вашите потреби и реагирате премногу чувствително на разни „ситници“.

Работа:

Важно е да се одделат заедничките интереси од личните амбиции. Одложете ги стресните ситуации кои ве исцрпуваат.

Здравје:

Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, внимавајте на соништата.

Рак

Љубов:

Нема причина да ги потиснувате вашите емотивни желби, пред личност која добро го познава вашиот темперамент и карактер.

Работа:

Делувате вешто во деловните и финансиските договори, но ниту вашите соработници не се наивни.

Здравје:

Поттикнете го оптимизмот и доброто расположение во себе.

Лав

Љубов:

Саканата личност понекогаш има големи барања, но вие знаете како да ги исполните. Бидете доволно имагинативни и смислете интересна забава за двајца.

Работа:

Ве очекуваат голем број интересни средби. Направете се што е потребно за да го комбинирате убавото и удобното со практичното и корисното.

Здравје:

Зрачите со позитивна енергија.

Девица

Љубов:

Одговорете на нечие барање и променете ги воспоставените навики. Приредете пријатно изненадување на личноста за која се грижите.

Работа:

Не ви се допаѓа улогата што некој ви ја доделил. Важно е да заштедите енергија за некои вредни цели.

Здравје:

Резервирајте ги вечерните часови за вашата интимност, опуштете се и акумулирајте позитивна енергија.

Вага

Љубов:

Нема потреба да си поигрувате со нечие трпение или емоционална наклонетост. Не смислувајте нови „љубовни гатанки“.

Работа:

Добро сте расположени и верувате дека постои заобиколен начин на кој можете да го постигнете она што другите не можат.

Здравје:

Искрениот разговор со блиска личност носи психолошко олеснување.

Скорпија

Љубов:

Покажете и на вашата сакана личност дека добрата волја и вниманието значат повеќе од „скапи подароци“.

Работа:

Вашиот ентузијазам и личната гордост може да се толкуваат на различни начини, повнимателно изберете ги зборовите што ги користите во друштво на колегите.

Здравје:

Уживајте во работите кои позитивно влијаат на вашето расположение.

Стрелец

Љубов:

Не дозволувајте некој да го окупира вниманието на вашиот партнер. Важно е правилно да ги насочите мислите и да ги елиминирате разните непријатности.

Работа:

Доколку сте добро информирани за деловните можности и сте превземливи, можете да очекувате двоен профит.

Здравје:

Во одлична психофизичка форма сте.

Јарец

Љубов:

Не давајте големи и избрзани ветувања на саканата личност. Можно е да се предомислите повеќе пати.

Работа:

Повеќето работи се обидувате да ги завршите самостојно, но ви недостига објективна проценка.

Здравје:

Важно е да постигнете психолошка рамнотежа.

Водолија

Љубов:

Ве следи емотивно затишје, нурнати сте во сопствениот свет на идеи и очекувате некој да поттикне силни импулси.

Работа:

Ве интересираат нови идеи и се обидувате да се ослободите од тешките обврски. Прифатете корисни совети.

Здравје:

Важно е правилно да се канализира енергијата.

Риби

Љубов:

Во средбата со саканата личност, сè изгледа речиси идеално, не треба да го расипувате впечатокот за заедничка среќа.

Работа:

Понекогаш е неопходно да се користи „тајната формула“, која носи голем успех и лично задоволство. Докажете дека имате професионални манири.

Здравје:

Важно е да ја подобрите вашата психофизичка подготвеност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk