logo
logo
logo

Дневен хороскоп - Имагинацијата секогаш ги поместува границите на можностите

Vecer | 04.12.2021

Дневен хороскоп - Имагинацијата секогаш ги поместува границите на можностите

Овен

Љубов:

Ако ви е важно да влијаете на мислењето на партнерот, употребете малку лукавство. Но, задржете ја вистинската мерка во сè.

Работа:

Имате доволно храброст да го кажете тоа што го мислите. Треба да покажете и одредени дипломатски манири на деловните состаноци.

Здравје:

Ќе уживате во некоја спортска активност или престој во природа.

Бик

Љубов:

Треба да ја промените вообичаената тактика и да и удоволите на вашата сакана личност. Имагинацијата секогаш ги поместува границите на можностите.

Работа:

Бидете внимателни и приспособете ги вашите деловни барања на моменталната ситуација. Избегнувајте нови конфликти.

Здравје:

Обрнете внимание на ситуации кои позитивно влијаат на вашето расположение.

Близнаци

Љубов:

Партнерот се однесува арогантно и ги преувеличува своите ветувања. Ваквото однесување поттикнува ново сомневање кај вас и уште повеќе ве загрижува.

Работа:

Лесно е да се направи погрешен избор, затоа внимавајте на нечии совети. Нема причина да го форсирате вашето мислење и проценка.

Здравје:

Важно е да се задржи трезвеноста и позитивната нота во расположението.

Рак

Љубов:

Ве очекува пријатно изненадување при средбата со саканата личност. Бидете доволно имагинативни и инспиративни во секој поглед.

Работа:

Се чини дека сте расположени и имате добри идеи. Важно е да чувствувате психолошка или материјална сигурност.

Здравје:

Вие сте во одлична психофизичка форма.

Лав

Љубов:

Партнерот точно знае што сака да постигне. Блиска личност не ви дозволува да користите нови изговори за да ги одложите заедничките планови.

Работа:

Не треба да се грижите за нечии коментари и пропуштени можности. Сегашната „загуба“ претставува нова лекција во деловното однесување.

Здравје:

Опуштете се во блиско друштво.

Девица

Љубов:

Обидете се да разберете нечија беспомошност или емоционална слабост. Не бидете арогантни.

Работа:

Ви претстојат различни обврски кои бараат меѓусебен договор и финансиска соработка.

Здравје:

Уживајте во вашиот свет на интимност.

Вага

Љубов:

Можно е партнерот да има повеќе проблеми отколку што мислите. Покажете дополнителна емпатија и разбирање на секој начин.

Работа:

Се однесувате како личност која своите деловни цели ги става над интересите на мнозинството, поради што ве очекуваат разни коментари.

Здравје:

Потребна ви е добра грижа и психолошка поддршка.

Скорпија

Љубов:

Ви недостига емоционално охрабрување, но не можете да се помирите со пасивната улога. Слободно повлечете изненадувачки потег.

Работа:

Во одлична форма сте. Не пропуштајте можност што ветува деловна добивка или корисно рекламирање.

Здравје:

Обидете се правилно да ја насочите вашата креативна енергија.

Стрелец

Љубов:

Изгледате вознемирено, на вас влијае однесувањето на партнерот или изговорите кои тој упорно ги користи. Не верувате во тоа што го слушате.

Работа:

Недоразбирањето што ве придружува при средбите со соработниците отвора нови прашања за меѓусебната доверба и деловните интереси.

Здравје:

Ќе ви годи релаксација или престој во природа.

Јарец

Љубов:

Не дозволувајте вашиот партнер да се оддалечи од заедничките теми. Инсистирајте на вашите емоционални потреби.

Работа:

Повеќето од задачите можете да ги завршите сами и без дополнително влијание однадвор. Сè се сведува на деловната организација и добрата волја.

Здравје:

Уживајте во убавите работи, опуштете се.

Водолија

Љубов:

Подобро е да ги стишите страстите отколку да се вклучите во дискусија со саканата личност. Размислете за можните последици.

Работа:

Ако некој ви задава различни проблеми, потсетете ги вашите соработници на правилата за добро однесување.

Здравје:

Помирете ги вашите мисли и чувства.

Риби

Љубов:

Тешко ви е да разберете нечии емотивни намери. Внимателно го анализирате љубовниот однос, но ви недостасуваат конкретни одговори.

Работа:

Имате добри идеи, но понекогаш е тешко да се процени конечниот исход во деловните преговори. Постапувајте во согласност со вашите морални принципи.

Здравје:

Избегнувајте ривалства и конфликтни ситуации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk