logo
logo
logo

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

Vecer | 20.03.2021

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

Еве што ве очекува во текот на денот според денешниот хороскоп.

ОВЕН

Нетрпеливи сте, сакате до целта да стигнете брзо, но таквите обиди не даваат резултати. Емоциите се стабилни. Задоволни сте од односот и се трудите што повеќе време да минувате со саканата личност. Наклонети сте кон повреди.

БИК

Ако ве очекува заминување на рочиште, ќе бидете успешни и задоволни. Генерално ситуацијата е поволна. Односот со брачниот партнер е задоволувачки. Се трудите да ја зачувате блискоста. Стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работата ви оди од рака. На работниот состанок за кој сериозно сте се подготвувале, постигнувате успех. Задоволни сте од емотивната сфера. Врската постепено и успешно се развива. Наклонетост кон повреди на рацете и нозете.

РАК

Потрагата по работа, конечно, дава резултати. Добивате нова понуда која со задоволство ја прифаќате. Комуникацијата со брачниот партнер не е хармонична. Стабилно здравје.

ЛАВ

Генерално сте задоволни од развојот на ситуацијата. Присутни сте некои ситни проблеми, но тоа го надминувате. Одличен ден за ново познанство. Уживате во физичката активност.

ДЕВИЦА

Ве очекува нова понуда. Не ви делува привлечно, така да размислувате да ја одбиете. Брачниот партнер мисли на вас и ви подготвува изненадување. Притисокот е нестабилен. Одморете се.

ВАГА

Надредената личност ве повикува на состанок врзан за нови проекти. Имате целосно различно гледиште на исти работи. Пред вас е комуникација со личност која живее во странство. Далечинате ви делува како проблем. Внимавајте на изборот на храната.

ШКОРПИЈА

Вашето незадоволство од соработката со странците ескалира. Не ви се допаѓа тоа што не го почитуваат договорот. Задоволни сте од односот со брачниот партнер и сметате дека е стабилен. Нервозни сте и наклонети кон испаѓање од такт.

СТРЕЛЕЦ

Областа на соработка со странци одлично е прикажана. Заминувате на краток пат и постигнувате успех. Односот со партнерот не е хармоничен. Проблем е што сте напнати и лесно излегувате од такт. Солидно здравје.

ЈАРЕЦ

Ве очекува несогласување со колегите. Комуникацијата е лоша и не успевате да се договорите во врска со работата. Имате впечаток дека брачниот партнер се обидува да доминира во односот и успешно ги сузбивате неговите намери. Наклонети сте кон повреди.

ВОДОЛИЈА

Сите работи поврзани за работата ги држите во тајност: финансии, планови, состаноци. Пред вас е ново познанство кое нема да се развие во нешто повеќе, затоа што на старт ќе добиете впечаток дека другата страна не ве разбира. Внимавајте на храната.

РИБИ

На работа нема значајни случувања. Се се одвива по протокол. Вљубени сте и сакате што повеќе време да минете крај саканата личност. Одлично здравје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk