logo
logo
logo

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Откриваме што порачуваат ѕвездите

Vecer | 15.06.2021

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Откриваме што порачуваат ѕвездите

ОВЕН

Работа: Не ви е лесно целосно да се фокусирате на работата, затоа што сте оптоварени со проблемите на приватното поле.

Љубов: Саканата личност покажува дека не е сигурна во вашите мотиви за врската со неа. Ве очекува период на турбуленции.

Здравје: Пијте повеќе вода.


БИК

Работа: Одлуките кои сте ќе ги донесете, ќе ви бидат многу важни во иднина. Посветете се себе и на својата кариера.

Љубов: Ако се грижите околу односот кој го имате со саканата личност, денеска би можеле да дојдете до решение.

Здравје: Мали проблеми со притисокот.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Во текот на денешниот ден ќе успеете да одработите се она што го имате во план без поголем стрес и напор.

Љубов: Поради честите несогласувања со личноста која ви значи, може да бидете напнати.

Здравје: Проблеми поради пад на имунитетот.


РАК

Работа: Денеска ќе имате повеќе среќа од обично. Ве очекува шанса на ова поле да решите се што ве загрижува.

Љубов: Вашите очекувања на полето љубов моментално може да бидат преголеми.

Здравје: Немате проблеми со здравјето.


ЛАВ

Работа: Бидете подготвени за промени кои ви следуваат на полето работа. Многу е важно да се поставите на вистински начин.

Љубов: Караниците со саканата личност би можеле на некој начин да доведуваат до ситуација на хронична нервоза.

Здравје: Градниот кош ви е чувствителен.


ДЕВИЦА

Работа: Многу работи не одат како што сте замислиле па од таа причина може да бидете наклонети кон фрустрациите на полето работа.

Љубов: Денеска ќе имате прилика да сретнете личност која ќе ви стане важна.

Здравје: Синусите ви се чувствителни.


ВАГА

Работа: Пред вас е добар период за работа. Може да очекувате дека ќе успеете да остварите добар однос со колегите.

Љубов: Подготвени сте да донесете важни љубовни одлуки со кои ќе бидете задоволни на долги патеки во иднина.

Здравје: Проблеми со штитната жлезда.


сКОРПИЈА

Работа: Денеска е неповолен ден во кој би можеле да имате доста фрустрации на полето работа.

Љубов: Неопходно е да се посветите на носење на нови одлуки кога е во прашање вашиот однос со саканата личност.

Здравје: Можен е низок притисок.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Загрижени сте за својата работа, и тоа со причина. Ви доаѓа период во кој ќе имате некои проблеми на ова поле.

Љубов: Можно е да сте наклонети кон тоа со саканата личност да имате проблеми околу ситници.

Здравје: Можна е несоница.


ЈАРЕЦ

Работа: Нема да бидете претерано задоволни од околностите на полето работа. Можно е да сонувате за промени на ова поле.

Љубов: Ако имате прилика за ново љубовно познанство денеска, треба да ја искористите.

Здравје: Нервниот систем ви е чувствителен.


ВОДОЛИЈА

Работа: Ве очекуваат мали несогласувања во односо со колегите. Пред вас е комплициран ден на ова поле.

Љубов: Нема нови случувања кога е во прашање вашето поле љубов. Засега ситуацијата ви е монотона.

Здравје: Грбот ви е чувствителен.


РИБИ

Работа: Премногу очекувате од работата во која не сте вложиле доволно време. Преиспитајте ги своите мотиви и труд на ова поле.

Љубов: Чувствувате дека постои доза неиксреност од страна на партнерот кон вас и тоа ве загрижува.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk