logo
logo
logo

ДНЕВЕН ХОРОСКОП-10.03.2021

Vecer | 10.03.2021

ДНЕВЕН ХОРОСКОП-10.03.2021

Според денешниот хороскоп дознајте каков ден ве очекува.

ОВЕН

Избегнувајте контакти со претставниците на медиумите, или бар одложете ги затоа што може лошо да се заврши за вас. Ако сте во брак постои личност која се обидува да ја освои вашата партнерка. Солидно здравје.

БИК

Работата се одвива регуларно, без никакви тешкотии. Правите нови планови. Почнувате да размислувате за приватен бизнис. Во редовен контакт сте со симпатијата. Пасивни сте и чекате иницијатива од другата страна. Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Во случај да се занимавате со приватен бизнис, конечно, ги решавате правните прашања кои долго ве мачеле, а ве очекува и судско решение во ваша корист. Презадоволни сте од врската и во целост се посветувате на партнерот. Солидно здравје.

РАК

Ве очекува зголемен обем на работа, но се „ставате“ во брзина и се успевате да направите. Заинтересирани сте за брак, но партнерот тоа никако да го спомене. Стабилна ситуација.

ЛАВ

Работата се развива онака како што сте планирале. Поради работни тешкотии доаѓа до одложување на плановите. Имате тајна симпатија, и максимално уживате во нејзиниот флерт. Се трудите никој, освен симпатијата да не ги примети вашите чувства. Чувајте го срцето.

ДЕВИЦА

Не сте задоволни од ситуацијата на работа. Ве очекуваат непланирани проблеми поради кои нема да бидете во можност да ги завршите обврските. Брачниот партнер упорно се обидува да го насочи вниманието на себе. Не сте расположени.

ВАГА

Ако се занимавате со приватен бизнис, денеска е лош ден. Се соочувате со тешкотии кои го успоруваат процесот на работа. Во фаза сте на флерт. Имате впечаток дека е безизлезен, а во суштина сте загреани повеќе од што мислите. Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Ситуацијата е стабилна. Се држите под контрола, што ви одговара. Емоциите ви проработиле така што се трудите што повеќе време да минете со другата половина. Стабилно здравје.

СТРЕЛЕЦ

Ако сте приватник, заинтересирани сте за соработка со странски партнери. Планирате краток пат со саканата личност. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Се трудите да ги подобрите финансиите. Ако сте правник, задоволни сте како се одвива работата. Не сте целосно отворен во врската, како и вашиот партнер. Потребно е да работите на односот. Расположението е во пад.

ВОДОЛИЈА

На работа ве очекуваат проблеми кои нема да успеете да ги решите во целост. Тоа ќе придонесе за пад на расположението. Комуникацијата со симпатијата е присутна и понатаму, но никој не споменува врска. Не сте расположени.

РИБИ

Одличен ден за средба со претставниците на медиумите, а причината ќе биде вашиот успех. Партнерот и вие не сте на иста линија. Додека тој е заинтересирана за интелектуална размена, вам ви е неопходна емотивна. Стабилно здравје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk