logo
logo
logo

Диви свињи „ОГРАБИЈА“ ЖЕНА сред Рим (ВИДЕО)

Vecer | 18.05.2021

Диви свињи „ОГРАБИЈА“ ЖЕНА сред Рим (ВИДЕО)

Глутница диви свињи во Рим „окупираа“ жена која штотуку излезе од супермаркет и се упати кон својот автомобил на паркинг.

Бидејќи животните не ја оставаа сама, таа мораше да се „предаде“ и им остави полна кеса намирници.

Појавата на диви свињи на улиците во италијанската престолнина не е невообичаена, но во последно време станува се почеста.

Диви свињи често може да се видат на улиците во Рим како бркаат околу контејнерите во потрага по храна и се забележува дека тие воопшто не се плашат од луѓе, што може да биде опасно, особено кога се во глутница и кога мајката чувствува дека можеби ќе треба да ги брани младенчињата.

Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи, зборуваше за овој настан, велејќи дека тоа не е нејзина одговорност како градоначалник, туку регионот кој мора да се грижи за дивите животни кои се почесто се појавуваат на улиците на италијанските градови во потрага по храна.

Во февруари оваа година, еден од граѓаните беше нападнат од исклучително голема дива свиња што ги бркаше него и неговото куче.

„Се спасив само затоа што сум млад и спортувам, затоа трчав многу брзо. Никогаш не сум видел толку голема дива свиња.“ рече тој за медиумите

Диви свињи се повеќе се гледаат како шетаат по улиците, на паркинзите на трговските центри и во парковите.

https://youtu.be/L_mN4qZ4g0Q

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk