logo
logo
logo

Директорка на школо претепала 6-годишно дете затоа што расипало компјутер?!

Vecer | 03.05.2021

Директорка на школо претепала 6-годишно дете затоа што расипало компјутер?!

Видеото во кое се гледа директорка на основно училиште на Флорида како со дрвена летва тепа 6-годишно девојче ја згрози американската јавноста.

„Омразата со која ја удира ќерла ми... јас никогаш не сум ја удрила“, рекла мајката која и го снимила видеото.

Директорката го казнила детете заради наводна штета на компјутер во вредност од 50 долари. Мајката била повикана во училиштето да ја плати штетата, но место тоа ја испратиле во канцеларијата на директорката каде ја затекнала сцената.

„Никој немаше да ми верува. Ја жртвува ќерка ми за другите родители да сфатат што се случува во училиштето“, рекла мајката, која детето го однела на лекар за да му бидат документирани повредите.

Од полицијата и Одделението за деца и семејство потврдиле дека го истражуваат случајот, а адвокатот на семејството рекол дека во моментов се истражува дали има доволно докази за покренување обвинение.

„Директорката е под истрага и сигурно ќе биде казнета за стореното. Девојчето е преплашено и се чувствува ранливо“, рекол адвокатот.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk