logo
logo
logo

Дигиталните пари во "црвено": Што се случува со најпознатата криптовалута?

Vecer | 17.05.2021

Дигиталните пари во "црвено": Што се случува со најпознатата криптовалута?

Најголемата криптовалута во светот, биткоинот, вчера почна да паѓа, откако милијардерот Илон Маск на Твитер ги разгоре шпекулациите дека неговата компанија Тесла размислува да ги продаде или веќе ги продала своите акции во криптовалутата.

„Биткоинерите ќе си чукаат глава во наредниот квартал кога ќе дознаат дека Тесла го отфрлила остатокот од своите биткоини“, рече вчера корисникот по име Криптовејл во твит. „Со огромната омраза што ја добива Илон Маск, јас не би го ни обвинил“, додаде тој.

Маск едноставно одговори со еден збор: „Вистина“.

По тоа цената на биткоинот потона за скоро 8,5% на дури 42,441 долари по монета. Тоа беше најголемиот пад во повеќе од три месеци и еден од најголемите падови на вредноста на биткоинот, откако цената првпат почна да расте во јануари.

Минатата недела Тесла ја укина можноста за купување на нејзините возила со биткоин поради загриженост за климатските промени, напиша тогаш извршниот директор Илон Маск на Твитер.

„Загрижени сме поради сѐ поголемата употреба на фосилни горива за трансакции и копање на биткоинот. Особено сме загрижени за јагленот, со најлоши емисии од сите горива. Криптовалутата е добра идеја, но не смее да предизвикува огромни еколошки проблеми“, напиша Маск.

Тој додаде дека Тесла не планира да продава повеќе од својот биткоин, но потврди дека компанијата разгледува други криптовалути што се многу помалку зависни од енергија.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk