Меѓутоа, работите тргнале наопаку, бидејќи ајкула одеднаш ја каснала за рака! Потече крв, настанала паника, а девојката брзо била извлечена на бродот за крстарење.
„Ме касна ајкула“, рекла Настија пред камерата, додека во позадина се слуша женски глас: „Многу крвариш“.
Младата Русинка била загрижена дека работите ќе се искомплицираат, па ги прашала организаторите на патувањето: „Дали нема да умрам од инфекција на крвта?“
Присутните ја охрабрувале и ја уверувале дека сѐ ќе биде во ред, додека во позадина се слуша уште еден инфлуенсер од Русија: „Единствено важно е да не ти го гризат прстот“.
Настја признава дека имала напад на паника и подоцна била пренесена на островот, каде ѝ била укажана лекарска помош, пренесува Дејли Мејл.
Девојката објаснила дека пливала со ајкули кога една од нив ѝ ги зарила забите во раката.
„Најлоши работи ми поминаа низ мислите. Бев во паника, но некако стигнав до бродот. Се тресев и почнав да плачам. Ајкулата ме касна до коска“, рече таа.
Пливањето со ајкули е популарна атракција на Малдивите, а морските предатори обично се пријателски расположени кон луѓето.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата