logo
logo
logo

Девојче (6) голтнало 23 магнети! Заради ТикТок морало на операција

Vecer | 28.09.2021

Девојче (6) голтнало 23 магнети! Заради ТикТок морало на операција

Мајка од Велика Британија ги предупредила родителите на опасноста од голтање магнети откако нејзината ќерка завршила на операција.

Имено, 6-годишното девојче си играло со магнети во училиште, од каде и ги донело дома, за да направи ѓердан за една од своите кукли. Но во следните неколку дена, како што пренесува Би-би-сим голтнала дури 23.

На крајот девојчето завршило на итна операција, а докторите рекле дека магнетите биле „потенцијално опасни“.

Мајката на девојчето Танит рекла дека во видеа на ТикТок магнетите биле прикажани како имитација на пирс на јазик.

- Сакам да ги предупредам родителите на опасноста која постои кога децата си играат со магнети, рекла Танит.

Инаку, девојчето на 12 септември почнало да се жали на болки во стомакот, а набрзо и да повраќа по што ја однеле на лекар. Таму и било дијагностицирано воспаление на слепото црево, а кога хирурзите почнале со постапката за негово отстранување нашле низа магнети.

- Имаше голема операција и доби лузна долга околу 10-ина сантиметри. Можеше да биде уште полошо, рекла мајката.

Во сличен инцидент во Шкотска 9-годишно дете заради ТикТок предизвик за малку ќе умрело откако голтнало неколу магнети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk