Детскиот фестивал „Поточиња“ објавува аудиција за нови членови

Во пресрет на 16-то издание на детскиот фестивал „Поточиња“ кое ќе се одржи на пролет, организаторот „Пап продукција“ објавува Аудиција за прием на нови членови – учесници на „Поточиња 2019“.

Аудицијата ќе се одржи во градинката „Срничка“ (објект Бамби) во населбата Аеродром од 17 – ти до 20 – ти септември во период од 18:00 – 19:00 часот.

„Сите заинтересирани деца на возраст од 5 до 10 години може да дојдат во еден од предвидените термини и со широка насмевка да испеат една омилена песничка“, порачаа организаторите.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари