logo
logo
logo

ДЕТЕТО кое го разнежни светот: Ја продал својата вредна колекција на Покемон карти за да го плати лекувањето на своето куче

Vecer | 09.06.2021

ДЕТЕТО кое го разнежни светот: Ја продал својата вредна колекција на Покемон карти за да го плати лекувањето на своето куче

Брајсон Климан кој има само 8 години и потекнува од Вирџинија решил да ја продаде својата вредна колекција на Покемон карти се со цел да има доволно пари за да плати лекувањето на својот најдобар пријател – кучето Брус.

Меѓутоа тој не бил свесен дека ваквиот негов чекор ќе отпочне една поголема приказна преку која ќе им помогне на многу други семејства и домашни миленици.

Според зборовите на мајката на Брајсон, Кимберли Вудраф, кучето пред неколку дена започнало да се однесува многу чудно.

„По природа е многу разигран, но одеднаш во целост престана да се движи. Не излегуваше од креветчето и одбиваше храна“, вели Вудраф.

Локалниот ветеринар објаснил дека кучето боледува од парво, вирус кој би можел да го усмрти доколку веднаш не добие соодветна помош. Меѓутоа, трошоците за лекувањето на Брус изнесувале повеќе од 700 долари и семејството не можело да ги плати.

„За продажбата на карти дознав откако сопругот ми испрати фотографија од Брајсон пред нашата куќа. Тој поставил маса и одредил дека картите ќе ги продава по цена од 5 и 10 долари. Меѓутоа, кога ја споделивме неговата фотографија на Фејсбук и на страницата „Go Fund Me“, луѓето започнаа да донираат пари за лекување без да сакаат карти за возврат“, раскажала мајката на момчето за „People“.

Семејството на крајот успеало да собере повеќе од 15.000 долари. Тие одлучиле дека на лекување на Брус ќе потрошат онолку колку што е потребно, а остатокот ќе го проследат до други семејства кои имаат миленици и на кои им е потребна финансиска помош.

Освен тоа, Брајсон пред неколку дена добил донација – Покемон карти во вредност од 420 долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk