logo
logo
logo

Дете во САД си ја убило мајка си, зашто не сакала да му купи очила за виртуелна реалност

Vecer | 01.12.2022

Дете во САД си ја убило мајка си, зашто не сакала да му купи очила за виртуелна реалност

Момчето првично тврдело дека сето тоа е несреќен случај, но подоцна признало дека намерно нишанело во мајка си.

Нејзината тетка и сестра им кажале на инспекторите дека се најавил на нејзиниот профил на Амазон и ги нарачал очилата утрото откако таа починала. Тие исто така рекле дека момчето не плачело и не покажало каење по смртта на неговата мајка.

Момчето им признало на полицајците дека го земало пиштолот од спалната соба на мајка му и отишло во подрумот каде таа перела алишта, според кривичната пријава до која дошле локалните медиуми. Полицијата во Милвоки првично рече дека момчето „си играло“ со пиштолот и тој испукал. Меѓутоа, еден ден по инцидентот загрижените роднини ја повикале полицијата.

Утврдено е дека момчето има историја на „вознемирувачко однесување“, вклучително и малтретирање куче кога имал четири години. Неговото семејство ѝ изјавило на полицијата дека во една прилика наполнил балон со запалива течност и го запалил, предизвикувајќи експлозија во која изгореле мебелот и тепихот. На семејството му рекол и дека слушал „имагинарни луѓе како разговараат со него“.

Момчето во разговор со полицијата изјавило дека сакало да пука во ѕидот за да ја „уплаши“ мајка си. Тој рече дека го зел пиштолот затоа што мајка му го разбудила тој ден 30 минути порано од вообичаеното, во 6 часот наутро. На денот на пукањето тој физички ја нападнал и својата седумгодишна братучетка.

Инцидентот се случил нешто пред 7 часот наутро на 21 ноември во градот Милвоки. 10-годишното момче е обвинето за убиство од прв степен и се наоѓа во малолетнички притвор, а му се суди како полнолетен. Според државниот закон на Висконсин, децата на возраст од 10 години можат да бидат обвинети како возрасни за одредени сериозни кривични дела, но адвокатите подоцна можат да побараат случајот да се префрли во судот за малолетници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk