Дете во градинка со кокаин во ранец...!

Девојчето, која го пронашла кокаинотмислела дека се работи за шеќер со што го ставила пачетчето во уста

Шестгодишно девојче во градинка во Филаделфија нашла пакетче кокаин во ранец на другарче од групата, соопштиле властите.

Полицијата го испрашала девојчето, која го пронашла кокаинот мислејќи дека се работи за шеќер со што го ставила пачетчето во уста. Почнала да го јаде но не го голтнала.

Воспитачката го здогледла пакетчето и го одземала, сомевајќи се дека станува збор за дрога. Градинката веднаш ги известила властите.

Девојчето како и детето во чие ранче била дрогата, ги прегледала училишна медицинска сестра и утврдено е дека не внеле кокаин во организмот. Полицијата веднаш ги пребарала торбите и на другите деца во градинката но не пронашле ништо.

Не е познато како кокаинот завршил во ранецот, а полицијата не верува дека детето ја донело од дома.

Поврзани

Најнови вести

Коментари