logo
logo
logo

ТРОГАТЕЛНО ВИДЕО:

Дете си ја нацртало мајката, кога го виделе цртежот ја испратиле на доживотна робија!

Vecer | 04.06.2021

Дете си ја нацртало мајката, кога го виделе цртежот ја испратиле на доживотна робија!

Аманда Левис (35) од САД е осудена на доживотна казна затвор заради убиство на ќерката, а на судењето единствен сведок против неа бил нејзиниот 7-годишен син А.Ј.

Тој со само 7 години сведочел пред судот и рекол дека неговата мајка ја удавила сестра му! На судот побарале од него да ги опише своите црежи, а тој рекол: „Ова е мојата мајка. Вака ја убива сестра ми.“ Кога адвокатот прашал како Аманда го сторила тоа, тој додал: „И ја стави раката на лицето.“ Рекол и дека тоа што го видел било страшно.

Кога се сретнале во судот детето прво не си ја познало мајката. Откако сфатил дека пред него се наоѓа Аманда, почнал да плаче. Пред судот сведочела и мајката на Аманда која рекла дека е очигледно оти ќерка и ги загубила нервите со Адријана, која, инаку, боледувала од хиперактивност и дефицит од внимание.

Адвокатот на Аманда тврди дека таа е невина и дека целиот случај е воден лошо. Тврди дека сето е голема катастрофа и дека заради него сакал да ја напушти професијата.

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=J55d73OiMKs&feature=emb_logo[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk