logo
logo
logo

ДЕТЕ ХЕРОЈ: Му кажав "тато, те сакам" и почнав да пливам за да ги спасам! (ВИДЕО)

Vecer | 03.06.2021

ДЕТЕ ХЕРОЈ: Му кажав "тато, те сакам" и почнав да пливам за да ги спасам! (ВИДЕО)

Седум годишното момче Чејз Пауст деновиве е главна тема на многу странски медиуми и тоа поради неговиот херојски потег.

Имено, тој со сестра му и нивниот татко поминал еден ден на брод закотвен на река во Флорида. Тие си поминувале одлично, се додека не се случила вистинска драма која го разделила семејството.

Но благодарение на ова храбро момче се завршило добро.

Драмата се случила кога Чејз и неговата сестра решиле да пливаат околу чамецот додека нивниот татко останал на чамецот да лови риба.

Во еден момент дошла јака струја која ја одвоила неговата сестра од бродот, а кога тој пробал да ја фати, струјата го однела и него.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=smF8jW7XYC8[/embed]

 

-Многу бев исплашен, признава Чејс.

Таткото веднаш скокнал во водата се со цел да ги фати децата, но тие биле предалеку. Му рекол на синот да плива до брегот кој бил оддалечен на еден ипол километар.

-Им кажав дека ги сакам бидејќи не бев сигурен што ќе им се случи, вели таткото Стивен.

Кога Чејз стигнал до брегот, отишол до најблиската куќа и побарал помош. По некое време пристигнала службата за спасување и го спасило семејството.

Стивен и неговата ќерка поминале околу два часа во водата по што биле спасени и сега се чувствуваат добро.

-Чејз успеа и тој ни ги спаси животите, вели таткото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk