Според американските медиуми, на посетителите им било кажано да останат во камповите и да ја чуваат храната и водата откако дождот го претвори целиот фестивал во куп кал. „Движењето е дозволено само со возила за итни случаи. Доколку сте во градот Блек Рок, засолните се во вашето место и останете безбедни“, велат организаторите, додавајќи дека евакуацијата може да потрае некое време.
@paulanrodrigues #burningman #rain #disaster ♬ original sound - Paula
Поради вонредните временски услови, проблем имало и со празнењето на тоалетите поставени во фестивалскиот камп, поради што целото искуство се претвора во (смрдлива) ноќна мора. Голем број посетители немаат ниту сигнал на своите мобилни телефони.
@kristriesitall #Burningman2023 #update #fuckyourburn #cnn #trending #burntok ♬ original sound - Kris Edwards
@kristriesitall #Burningman2023 #update #fuckyourburn #cnn #trending #burntok ♬ original sound - Kris Edwards
Фестивалот трае до понеделник, но денеска се предвидуваат нови врнежи, па не се знае што ќе биде со фестивалот и посетителите. Програмата, се разбира, засега е прекината. Инаку, проблеми со фестивалот имало уште на самиот почеток, поради ураганот Хилари.
@paulanrodrigues #burningman #rain #disaster ♬ original sound - Paula
@itsmechelsealeigh Its dumping rain here on the playa 😞😂🙏 isnt going to stop for…days? #burningman #theburn #rainingman #sendhelp #rain #storm #hurricane ♬ original sound - Chelsea Leigh
А вака изгледаше пред дождот...
Многумина го нарекуваат Burning Man „најлудиот фестивал на светот“. Еднаш годишно, десетици илјади луѓе се собираат во пустината Невада за да го создадат градот Блек Рок, привремена метропола, уметничка колонија и заедница за забави што инспирира креативност. Секој е добредојден, но мора да следи одредени правила, како што се помагање на членовите на заедницата и чистење по себе за да не остават трага.
Забавата завршува со палење на огромна дрвена човечка инсталација, катарзичен чин и кулминација на секое искуство на „горилникот“. Годинава тоа требаше да се случи вчеравечер, но изгледа ништо не се случи.
И минатата година имаше проблеми поради застој во сообраќајот. Луѓето по завршувањето на фестивалот осум часа чекале во редици автомобили. Минатата година имало 80 илјади посетители.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата