logo
logo
logo

ЗНАЧЕЊЕТО НА ДЕНОВИТЕ: Вторник е баксузен, петок ден за забава, еве ги останатите

Vecer | 09.02.2021

ЗНАЧЕЊЕТО НА ДЕНОВИТЕ: Вторник е баксузен, петок ден за забава, еве ги останатите

Врз основа на традиционални верувања за деновите, постои толкување дека Марс управува со вторник, а  препорачливо е да се избегнува месо во вторник, а тој ден не треба ни да се впуштате во било какви расправии.

Секој ден во неделата носи добри или лоши можности, бидејќи има одредено значење и влијание. Постојат различни верувања што објаснуваат кога е погодно да се стори нешто или да не се стори нешто на одреден ден, постои и симболика на толкување што е поврзано со можностите што постојат за секој ден поединечно.

Понеделник: Не треба да почнувате ништо важно, затоа што се смета дека е ден на Месечината за кој се верува дека е многу променлив и дека сè што започнува тој ден е со „променлив“ квалитет

Вторник: Треба да ги извршите сите рутински задачи што се предодредени или договорени и за кои не е потребна посебна ментална активност. Марс владее со овој ден.

Среда: Најдобра е за кореспондиција, маркетинг активности, состаноци, преговори и кратки патувања. Тоа е ден со кој управува Меркур и се смета дека е добар за дружење и забава, но сепак, можете да го одложите потпишувањето на разни документи до четврток (Ден на Јупитер).

Четврток: Владее Јупитер, голем добродетел. На тој ден, можеме да договориме значителни зделки, да склучиме договори, да се вклучиме во финансиски трансакции или каков било вид на учење. Најдобар ден е за контакти во странство и долгорочно планирање.

Петок: Ден на Венера и вистинско време е да се посветиме на својот партнер, децата, семејството. Одличен е за сите подготовки за викенд, одмор, масажа, забава, релаксација, шопинг.

Сабота: Владее Сатурн и тоа е ден за да им дадете сила на другите. Помогнете им на болните, загрозените, посетете баби и дедовци, хранете ги гладните, посетете светилишта, гробови. Исто така, добро е да поминете дел од денот во тишина, чистење, духовна работа.

Недела: Денот на Сонцето - идеален ден за поактивен одмор, семејство и планови за новата недела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk