logo
logo
logo

Денеска е Стара нова година

Vecer | 14.01.2022

Денеска е Стара нова година

 Граѓаните ја нарекуваат Православна, Српска или Стара нова година. Во пресрет на истата или денеска, во домовите се крши лепче со паричка и тој на кого ќе му падне паричката се смета дека ќе биде среќен целата година.

Со Света Василева литургија утрово во храмовите на Македонската парвославна црква – Охридска архиепископија ќе се одбележи поменот на свети василиј велики, кој се упокоил на овој ден.  

Денеска е и празникот познат уште како обрезание господово.Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на божјите ветувања. Со традиционалното василичарско оро и палење на маските на двете друштва од горна и долна маала во центарот на вевчани, денеска попладне ќе заврши годинашното издание на вевчанскиот карневал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk