logo
logo
logo

Денеска е ИВАНДЕН - Ова се ОБИЧАИТЕ И ВЕРУВАЊАТА

Vecer | 07.07.2022

Денеска е ИВАНДЕН - Ова се ОБИЧАИТЕ И ВЕРУВАЊАТА

Денеска се празнува Свети Јован- летен, повеќе познат како Иванден, денот на раѓањето на Свети Јован Крстител.

Во очи празникот жените плетат венчиња од цвеќе и навечер ги ставаат пред влезната врата. Ако венец од иванското цвеќе осамне на празникот пред куќата, се верува дека семејството ќе го заштити од сите тешкотии.

Свети Јован, кого утре го празнуваме, познат бил како тревар, бидејќи живеел скромно и се хранел со она што се наоѓа во природата. Овој голем празник познат е по иванското цвеќе од кое се плетат венчињата. Верувањето вели дека воочи Иванден треба да се набере јовановата трева и во неа да се вплете ајдучка трева, мајчина душица, вртика и лук, а сето тоа да се врзе со црвен конец. Наместо црвен конец некои вплетуваат црвено цвеќе, од кое се е поубаво.

Венчето се закачува вечерта пред Иванден за да ве чува од се лошо.

Се верува дела и водата на има волшебна моќ, па многумина се бањаат во реки и езера.

За Иванден велат дека е празник на девојките бидејќи младите жени палат ивански огнови, берат цвеќе и трева, пеат и плетат венци, а се разидуваат во самата зора.а

Се верува дека жените кои не можат да родат треба да се провлечат низ венец од јованова трева, а потоа да се избањаат во река, како од себе би си го измила урокот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk