logo
logo
logo

Денес е Свети Илија што ТРЕБА, а што НЕ ТРЕБА да правите

Vecer | 02.08.2021

Денес е Свети Илија што ТРЕБА, а што НЕ ТРЕБА да правите

Иако денешниот ден се одбележува како Илинден, денот на Илинденското востание, верниците го слават Свети Илија или Илија Громовник како што е познат помеѓу народот.  Според верувањата, Свети Илија е најсушниот и најтоплиот ден од годината.

Во народот се вели дека по празникот Св. Илија полека одминуваат жештините и сонцето е поблаго.

Старите велат дека на овој ден е добро да јадете мед за здравје.  Медот им се давал на децата, наутро, а некогаш обичајот бил мајките да ги намачкаат децата со мед за цела година да бидат здрави.

Се верува дека токму Илија е тој кој одредува кога и каде ќе падне дожд, а кога ќе биде суша. Поради тоа и до ден денешен во селата се задржал обичајот на Свети Илија да не се работи на поле, за да не се навлече гневот на светителот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk