logo
logo
logo

Делфин во Јапонија напаѓа капачи на плажа: Не влегувајте во море

Vecer | 16.08.2022

Делфин во Јапонија напаѓа капачи на плажа: Не влегувајте во море

Тие сметаат дека нападите ги извршил конкретен поединец, односно дека не е опасност од неколку различни делфини.

Предметното животно, обичен индо-пацифички делфин, се чини дека повредил најмалку шест лица на три плажи во префектурата Фукуи од крајот на јули, каснувајќи неколку од нив.

Повеќето инциденти се случиле на 10 метри од брегот, што покажува дека делфините во областа се навикнале на средби со луѓе во плиткото. Локалните медиуми објавија дека властите инсталирале подводен уред кој емитува ултразвучни бранови за да се обидат да ги намамат делфините подалеку од капачите. Но и после тоа се случија два напади.

Во најлошиот инцидент, делфин каснал човек за рака и тој добил 14 конци.

Поради тоа, полицијата почнала да патролира по плажите и да дели летоци со предупредување на посетителите на потенцијална закана и да се држат настрана од овие животни, пишува The Guardian.

„Делфините не сакаат да им се допираат одредени делови од телото, како што се врвот на носот и грбните перки“, вели Масаки Јасуи, службеник во одделот за промоција на туризмот.

Експертите од аквариумот Фукуи веруваат дека нападите ги извршил одреден делфин кој првпат бил забележан во областа во април. Меѓу жртвите имало двајца мажи на 40-годишна возраст, и двајцата добиле болничко лекување поради полесни повреди, и маж на 60-годишна возраст, кој пливал на помалку од четири метри од брегот на плажата Такасу кога делфинот го каснал за рака.

„Слушнав за делфинот на вести и веднаш требаше да излезам од водата ако го видам, но го забележав кога веќе беше до мене“, изјавил 60-годишникот за локалниот весник.

Сопственикот на блиското кафуле изјавил дека во минатото делфините повремено туркале капачи, но дека неодамна почнале да се „фрлаат по нив“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk