logo
logo
logo

Дечко и и пратил морбидна листа на правила на однесување: За да му докаже дека е "болен" таа ја објавила на ТикТок (ВИДЕО)

Vecer | 18.09.2021

Дечко и и пратил морбидна листа на правила на однесување: За да му докаже дека е "болен" таа ја објавила на ТикТок (ВИДЕО)

На социјалната мрежа ТикТок млада девојка го покажала списокот со правила на однесување кои наводно и ги напишал нејзиното поранешно момче. Неговата желба со овој список била да има контрола над неа пред таа да замине на факултет. Таа на ТикТок покажала скриншот од нејзиниот мобилен телефон и пораки од нејзиното бившо момче во кое тој и наредува никогаш да не пие алкохол и да биде во соба до 21 часот.

Во видеото со натпис “Посакувам ова да беше шега” таа ги прочитала 11те неверојатни правила за кои тврди дека и се испратени од поранешниот дечко.

-Мислам дека ќе биде ептен смешно доколку ви ги прочитам правилата кои ми ги испрати мојот луд поранешен дечко кој е зависен од контрола, вели таа.

@ccarollynn@orange.magic made a stitch that is super super informational, pls go watch it !!♬ original sound - Carolyn

Имено, правила вклучуваат таа никогаш да не ја искучи локацијата на Снепчат, да се држи подалеку од мажи и никогаш да не го вади прстенот кој тој и го подарил. Тој притоа и и нареди да секоја облека која таа реши да ја облече биде одобрена од него. Секоја вечер во 21 часот таа морала да биде во соба и од соба да му се јави на Фејстам се со цел тој да се увери дека таа навистина е дома и сама.

Откако нејзиното видео собрало повеќе од 2.7милиони прегледи таа објавила уште неколку видеа во кои вели дека луѓето не треба да се жртва на нечиво токсично однесување.

-Само сакам да истакнам дека ваквото однесување се смета за злоупотреба. Ова се смета за емоционална контрола и е навредливо однесување. Доколку сте во ваква ситуација, или пак насилна врска тогаш сакам да знаете дека имате мноштво ресурси за помош и телефонски линии на кои можете да им се јавите во било кое време, вели таа.

Во продолжение се и 11те правила на лудото момче:

  1. Немој да ме игнорираш откако ќе го прочиташ ова.
  2. Никогаш не ја исклучувај својата локација
  3. Сите комбинации на облека треба да бидат одобрени од мене или од твојата мајка
  4. Не доаѓај во контакт со други момци поблиску од 7.5 метри
  5. Не смееш да пиеш алкохол
  6. Не носи кратки маици и тесна облека
  7. Мора да бидеш во твојата соба до 21 часот и да ми се јавиш за да бидам сигурен дека си сама
  8. Забави се забранети
  9. Не носи облека од други луѓе
  10. Не се гушкај, бакнувај или слично
  11. Никогаш не го симнувај прстенот што ти го дадов

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk