logo
logo
logo

ТИК ТОК ОПАСНОСТИ

Децата си ги стругаат забите, си го полеваат лицето со восок... Куп ОПАСНИ ГЛУПОСТИ само за да бидат ЗАБЕЛЕЖАНИ!

Vecer | 08.09.2021

Децата си ги стругаат забите, си го полеваат лицето со восок... Куп ОПАСНИ ГЛУПОСТИ само за да бидат ЗАБЕЛЕЖАНИ!

ТикТок е социјална мрежа која својата експанзија ја доживеа за време на карантинот и за кусо време ги собори сите рекорди на посетеност. Во нашиот регион ја користат најмногу тинеџјерите кои заради видеата преку ноќ стануваат познати.

Последниве недели во тренд се три совети кои највлијателните Тиктокери ги препорачуваат како 2проверена работа“ за поубав тен и здрави заби. Проблемот е во тоа што сите три може да остават долготрајни последици.

1.Маска од аспирин

Популарноста е се поголема, иако дерматолозите советуваат дека долгорочна употреба може да доведе до несакани последици.

- Аспиринот е дериват на салицилната киселина, а како официјална терапија во борбата против акните и мозолчињата не постои, велат дерматолозите.

Неговото ставање на кожата може да доведе до алергиски реакции, како и иритација и сушење на кожата.

2. Стругање на забите

Има се повеќе видеа на кои младите го тестираат рецептот за совршена насмевка. Имено, тие со турпјија за нокти се обидуваат да си ги израмнат забите.

Стоматолозите предупредуваат дека овој вид на „разубавување“ е исклучително штетно, затоа што така им се овозможува на надворешните фактори директен премин до нервите на забите. Така забите стануваат нежни и кршливи, и може лесно да дојде до изумирање на нервот, чија последица е потемнување на забите.

3. Депилирање на лицето со восок

Да се отстрануваат влакната од надусните со восок не е ништо ново, но нанесувањето врел восок по целото лице, па и во носниците е опасно.

Стручњаците предупредуваат дека така може да се нанесе голема штета на кожата на лицето, односно да дојде до изгореници, па и отстранување на горниот, површинскиот слој на кожата. Особено, велат, не е препорачливо отстранувањето на влакненцата од носниците затоа што тие имаат важна улога во спречувањето на вирусите и бактериите да навлезат низ носот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk