logo
logo
logo

​Дебела сум и се сакам себеси таква каква што сум, но партнерот сака да ме напушти поради тоа!

Vecer | 23.09.2022

​Дебела сум и се сакам себеси таква каква што сум, но партнерот сака да ме напушти поради тоа!

Иако многумина негираат дека физичкиот изглед на партнерот не им е важен и  го сакаат таков каков што е, се чини дека наметнатите стандарди за убавина ги тераат партнерите да размислат кого имаат покрај себе.

Една млада жена во доцните дваесетти години, во својата исповед за британски „Д Сан“ објаснува дека има проблем со партнерот бидејќи се здебелила. Имено, таа има тригодишен син од претходниот брак и партнер постар од неа 3 г. кому сега му пречи нејзината дебелина. Тој постојано ѝ приговарал за тежината и истакнувал дека изгледала добро кога се запознале.

Во својата исповед кај стручњак за врски, жената признала дека била во токсична врска со претходниот партнер, дека испробувала разни диети кои имале негативни резултати.

Младата жена истакнала дека повторно го засакала своето тело, но дека чувствува притисок и тага кога е гладна.

Стручњакот прво ја посоветувал жената дека кога се прејадуваме бараме утеха во храната поради начинот на кој се чувствуваме.

 - Се плашам дека си со маж кој те деморализира... Постои некој кој ќе ве охрабрува и поддржува, но тоа не е тој – ја советувал.

Потоа ѝ предложил да се сврти кон здравата исхрана и вежбањето и да направи нешто добро за себе, а не за партнерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk