Дарко Лазиќ вриска и плаче: Ја бара Севиќ, па потоа ја колне, ја бара вереницата Марина, пациентите бесни на пеачот...

Дарко Лазиќ не може без Ана Севиќ. Фолкерок кој е во тек на апстиненција ја викал својата сеуште законска жена Ана Севиќ, а потоа ја колнел, а потоа ја споменувал и вереницата Марина.

Агонијата низ која поминува поради дрога, во кризните ситуации пеачот не знае што зборува, ни што прави, со што испушта крици од кои се гледа дека чуствата му се бурни и измешани. Така што многу пати го изговарал името на мајката на неговата ќерка Лорена.

- Во еден момент почнал да вика на цел глас и да плаче како дете. Болницата ечела, а медицинскиот персонал неможеле да го смират. Свесни се дека запаѓа во криза и дека тие работи се случуваат во таква ситуација. На цел глас ја викал Ана и плачел. Потоа наеднаш во тоа бунило ја превртел приказната. Кажувал погрдни зборови за неа, ја колнел. Подоцна ја повикувал вереницата Марина но во многу подобар контекст. Врискањето на Лазиќ, ги разбудило пациентите кое воопшто не било пријатно.

Спрема зборовите на изворот, Дарко сеуште пати по Ана и неможе да се избори со своите чуства, поради што нејзиниот лик му е постојано пред очи, особено во криза предизвикана од зависност од опијати.

Поради лошата здравствена состојба Дарко Лазиќ лекарите се постојано со него 24 часа. Но тоа им засметало на останатите пациенти кои се бунат поради неговиот повластен положај. Меѓутоа, по објаснување на лекарите тој е третиран као пациент кој има приоритет, не поради тоа што е познат, туку поради неговата тешка психичка состојба како и тешките физички повреди здобиени од сообраќајна несреќа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари