logo
logo
logo

Данската кралица им ги одзеде титулите „принц“ на четворица внуци

Vecer | 28.09.2022

Данската кралица им ги одзеде титулите „принц“ на четворица внуци

Овој потег се однесува на вториот син на кралицата, принцот Јоаким. Принцот Николај, принцот Феликс, принцот Хенрик и принцезата Атина од следната година веќе нема да бидат принцови. Наместо тоа, тие ќе ги користат титулите гроф или грофица и од следната година нема да бидат нивни височества, туку нивни екселенции.

Овој потег нема да влијае на децата на најстариот син на Маргрете и престолонаследник, Фредерик, кој има два сина и две ќерки со сопругата, принцезата Мери.

Во соопштението на данската кралска куќа се вели: „Одлуката на кралицата е во согласност со слични прилагодувања што ги направија другите кралски куќи во последниве години. Кралицата сака да создаде рамка за четирите внуци за да можат да ги обликуваат сопствените животи, без да бидат ограничени со посебните размислувања и должности што ги вклучува формалната припадност на данската кралска куќа како институција“.

Сите внуци ги задржуваат своите места во наследството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk