logo
logo
logo

Даниел Крег на децата во наследство ќе им остави НИШТО - „наследството е нешто прилично невкусно“

Vecer | 18.08.2021

Даниел Крег на децата во наследство ќе им остави НИШТО - „наследството е нешто прилично невкусно“

Актерот Даниел Крег (53) во неодамнешното интервју откри што планира да направи со своите пари откако ќе умре, пренесува  Page Six.

Богатството на Крег се проценува на околу 160 милиони долари, но неговите деца не можат да сметаат на тоа.

- Не сакам да оставам големи суми на следната генерација. Мислам дека наследството е нешто прилично невкусно “, рече актерот.

Крег од првиот брак со актерката Фиона Лудон (53) има ќерка Ела (29), а со сопругата Рејчел Вајс (51) ја доби втората ќерка во 2018 година, чие име не се открива. Вајс од претходната врска со режисерот Дарен Аронофски (52) има син, Хенри (15).

„Мојата филозофија е  ослободи се од нив (парите) или подели ги пред да те снема“, рече последниот Џејмс Бонд.

Тој додаде дека мисли дека големите донации пред смртта покажуваат колку некој навистина е богат.

„Зарем не постои стара изрека дека ако умреш богат,не си успеал? - праша Крег.

Тој потсети на изјавата на Ендрју Карнеги, индустријалец и филантроп кој живеел во 19 век. Карнеги рекол дека „човек што умира богат умира посрамотен“.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk