logo
logo
logo

Дали знаете што е „ДЕМОНСКИ ЧАС“, доба од ноќта кога се случуваат ЧУДНИ РАБОТИ

Vecer | 10.05.2021

Дали знаете што е „ДЕМОНСКИ ЧАС“, доба од ноќта кога се случуваат ЧУДНИ РАБОТИ

Постојат многу суеверија поврзани со соништата, ноќта и спиењето. Демоните, вештерките и духовите се неизбежни во секоја култура и со векови се пренесувале верувања од генерација на генерација за тоа што е добро да се прави и што не смеете да правите во текот на ноќта.

Една од најинтересните легенди е поврзана со таканаречениот „демонски час“, односно периодот помеѓу 3 и 4 часот наутро.

Вештерки, демони и духови се смета дека се најактивни токму тогаш. Се смета дека границата помеѓу нашиот и демонскиот свет е најслаба.

Според старите верувања, тогаш вештерките и духовите можат да патуваат од еден во друг свет, така што силите на црната магија можат да преовладуваат.

Поради тоа, жените кои во тоа време ќе бидат фатени надвор од куќата порано биле палени, под претпоставка дека се вештерки.

Ловот на вештерки во Европа траеше стотици. Сите болести и војни се припишувале на нивните постапки, како и на активностите на другите луѓе кои практикуваат магија и за кои се верувало дека вршат ритуали ноќе, и дека нивната сила е најголема помеѓу 3 и 4 часот.

Многу луѓе беа прогонувани и убивани само затоа што во тоа време беа фатени надвор или обвинети од некој дека ги видел како прават ритуали. Овој тренд се повторуваше неколку векови, а во 1835 година во црковните записи за прв пат се појави терминот „демонски час“

И што вели науката за сето ова?

Постојат некои совпаѓања кои ја поддржуваат теоријата дека ова е „прогонувано“ време.

Повеќето луѓе кои се будат ноќе се будат токму во тоа време велат дека се чувствуваат дезориентирани и по малку „чудни“.

Исто така, повеќето случаи на парализа на спиењето (чувство дека сме будни и не можеме да придвижиме кој било дел од телото) се случуваат во тоа време.

Исто така, психолошката литература споменува дека искуствата на „покажување“ и чувство на нечие „присуство“ се најчести помеѓу 3 и 4 часа.

Научниците исто така имаат логично објаснување за овој феномен - бројни студии покажаа дека нивото на мелатонин во телото достигнува врв околу три часот наутро, по што паѓа, дека се совпаѓа со крајот на една од РЕМ фазите на спиење

Патем, мелатонинот е хормон кој е одговорен за регулирање на спиењето, па кога ќе започне и паѓа, можно е сонот да стане „полесен“ и да се разбудиме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk